Како ќе живеат 5000 луѓе на простор предвиден за 1500 кај „Треска“, Белчева јавно го праша Герасимовски зошто не го спроведе конкурсот

Макфакс

29/10/2025

15:06

1.986

Големина на фонт

а а а

Јана Белчева-Андреевска, досегашна советничка во Советот на Општина Центар, која на овие избори влезе во Советот на Скопје јавно го праша градоначалникот на Горан Герасимовски зошто не го спроведе конкурсот кој е одлука на Советот за уредување на земјиштето на просторот на поранешна „Треска“.

Преку објава на социјалните мрежи Белчева-Андреевска праша и зошто ниту ниту Уставен суд, ниту Министерството за транспорт тогаш водено од СДСМ не се охрабри да го спаси градот од таква катастрофа.

Белчева – Андреевска потсети на вистината за планот за „Треска“.

„1. Планот кој се релизира на 30.000м2 не соодветствува со Генералниот план за градот ,па наместо 1500 жители на локацијата се овозможува да се населат повеке од 5000 жители.

2. При подготовка за градба се исечени 105 дрвја кои градби со подземни нивоа не можат да ги надоместат.

3. Градоначалникот потенцира дека не продава државно земиште, а за реализација на планот приватизирани се неколку илјади квадрати државно земјиште.

4. На местото каде по планот е предвидено јавно зеленило од 7.000м2 се наоѓаат објекти од 2000м2 корисна, но легализирана површина кои Општината треба да ги откупи за да го реализира единственото зеленило. 1200м2 од тие обекти се во соственост на инвеститорите на ‘Треска’ кои дополнително можат да се офајдат со дополнителни 960.000 евра. Обидот тоа да се избегне иницирано од ‘Шанса за Центар’ во актуелниот момент не беше подржано од градоначалникот.

5. Награденото решение на Конкурсот за ‘Треска’ го ревидираше планот согласно Генералниот план, со тоа го заштити јавниот интерес и ги отстрани добар дел од неговите недостатоци. Правото на градба на приватниот имот не им беше одземено на инвеститорите туку беше регулирано да се одвива според правилата на Урбанистичко планиранье.

За конкурсот не се залудно потрошени парите. Напротив. Конкурсот беше доказ дека ако се направи триаголник на соработка: политичари со визија и со примарна цел-јавниот интерес; ангажман на докажани стручни и професионални лица; и соработливи инвеститори флексибилни за договор и свесни за јавниот интерес, а не само алчни, е тогаш може да се менува развојот на просторот. Но укинувањето на конкурсот на ‘Треска’ еднострано и незаконски од градоначалникот е доказ како политичката моќ не се користи за одбрана на јавниот интерес“, објави Белчева – Андреевска и во прилог стави линк од обраќањето на архитектот Миодраг Радоњиќ, претседател на конкурсната комисија и актуелен претседател на Академијата на архитекти на Македонија кое е целосен демант на тврдењата на актуелниот градоначалник.