Потрес во Вашингтон: Уапсен поранешниот советник на Трамп, ФБИ го приведе Роџер Стоун

Точка

25/01/2019

13:59

2.296

Големина на фонт

а а а

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун, бил уапсен на Флорида и обвинет за злоупотреба на сведоци и други злосторства.

Тој се товари по седум точки во рамките на истрагата за руското мешање во американските претседателски избори кои ги спроведува специјалниот обвинител Роберт Милер. 

Како што пренесува "BBC", Стоун е обвинет по една точка за опструкција на истрага, во пет точки за давање на лажни искази, а по една за влијание на сведоци.

Деталите за апсењето на Стоун го соопштил потрпаролот на Роберт Милер, кој е задолжен за истрагата за наводната координација на Русија и предизборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Стоун инаку бил поранешен советник на Трамп во текот на кампањата.

Стоун би требало во текот на денот да се појави пред судот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг