Како настанала лимузината на Путин - од скици до асфалт

Точка

23/01/2019

15:51

4.348

Големина на фонт

а а а

Министерството за индустрија и трговија на Русија објавило видео на кое се гледа како се прави претседателската лимузина "Aurus".

Тоа е прв видео-дизајн и сите фази од создавањето на "Aurus Senat Limusine" се развиени од страна на ФГУП "NAMI" во рамките на проектот "Кортеж". 

Проектот започнал во 2013-та година, а ФГУП "NAMI" развил сосема нова платформа за целата линија на премиум автомобили.

Лимузината "Aurus" премиерно е претставена при инаугурацијата на Владимир Путин за претседател на Русија пролетта 2018-та година.

Спроед информациите од државните медиуми, Путин сега веќе редовно ја користи новата лимузина "Aurus Senat" на патувањата.

Тоа било случај и за време на неодамнешната посета на Блеград, кога во придружба на "Аурусот" била и една помала лимузина и едно MPV возило, а сите три автомобили се на проектот Кортеж.

Од 15-ти јануари "Aurus" е официјално возило на премиерот на Русија, додека масовното производство е планирано за средината на 2022-ра година.

Кратко потоа автомобилот ќе се најде во продажба заедно со седан, мини-комби и кросовер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг