Крис Браун уапсен во Париз, 24-годишна девојка пријавила дека ја силувал во хотелска соба

Точка

22/01/2019

15:45

6.871

Големина на фонт

а а а

Крис Браун во 2009-та година ја претепал тогашната девојка Ријана, во март 2018-та година бил фотографиран како дави една девојка, а сега бил уапсен поради наводно силување.

29-годишниот Браун и уште две лица се во притвор во Париз откако една девојка пријавила силување. 

Еден полицаец официјално рекол дека станува збор за Крис Браун, и дека со него има уште две лица, а дека ги пријавила една жена за силување.

Како што било кажано, пријавата била поднесена во 17-тиот округ во северозападниот дел на Париз, а еден од двајцата мажи кои биле уапсени е телохранител на славниот рапер.

Крис Браун бил уапсен во понеделникот, на 21-ви јануари, а денес, во вторник, би требало да се разгледа жалбата која е поднесена.

Како што било објавено, станува збор за 24-годишна девојка, а силувањето наводно се случило во хотелска соба.

Француското издание на списанието "Closer" објавило дека девојката го обвинила Браун за силување во хотелот "Мандарин Ориентал".

Како што рекла, Браун го запознала во ноќниот клуб "Le Crysal" и потоа отишла во неговиот хотел со уште една жена и вкупно тројца мажи. Жената рекла дека Крис Браун ја повикал во хотелот и ја нападнал откако останале сами.

Како што пренесува споменатиот медиум, девојката за злоставување го обвинила и телохранителот на Крис, како и нивниот пријател.

Потсетуваме, Крис во јули 2018-та година бил уапсен по концерт на Флорида. Пејачот тогаш бил уапсен по налог издаден во 2017-та година на Палм Бич во Флорида, но не било познато зошто.

Тоа што се знаело е дека Крис бил ослободен откако платил кауција од 2.000 долари.

Крис Браун во 2009-та година ја претепал тогашната девојка Ријана, а на суд се извлекол и минал со само пет години условна казна и шест месеци општествено-корисна работа.

Меѓутоа, Браун во март 2018-та бил фотографиран како дави една девојка, но тоа го објаснил со зборовите дека се било "шега".



Спонзорирани линкови

Маркетинг