Добредојдовте помеѓу облаците - зимска поезија на Алпите која треба да се доживее

Точка

21/01/2019

11:11

3.462

Големина на фонт

а а а

На врвот на Каринтија, на Герлитзен, на 1900 метри надморска висина, а токму под ѕвездите. Постои и астрономска опсерваторија каде може да уживате во погледот кон небото и ѕвездите и буквално го одзема здивот само што ќе пристигнете. „Совршено чувство на слобода, играње со тукушто паднатиот снег, совршен фитнес на отворено“ го препорачувам на секој раскажува за Точка, Неда Маретиќ.

Штo e она што те врати и годинава на Алпите?


- Избегај од се, свртувајќи се кон себеси е мотото на австрискиот хотел Alpinhotel und Gasthof Pacheiner, кое е одлично за опишување на мојот фантастичен зимски одмор на Алпите.

Оваа година се одлучив повторно да ги посетам откако минатата година го посетив Инсбрук, во Тирол, Австрија.

Со оглед на тоа што сум вљубеник во планините, природата, планинарењето, за мене идеален одмор е оној на планина, додека цела таа магија на планината ми ја обновува енергијата.

Од тие причини мирот на природата и убавината на планината решив да ја ги побарам на австриските Алпи, што всушност беше роденденски подарок.

А има ли подобар подарок од патување?

Со оглед на тоа што сум јарец во хороскоп, односно како што јас си кажувам за себе - дива коза, планините за мене се совршено место за бегство од секојдневието.

Моите впечатоци од патувањата ги споделувам со гледачите на Тера телевизија преку емисијата Мојот патувачки дневник, па пријателите често се шегуваат дека без камера и диктофон не одам никаде.

Каде престојуваше поточно?


- Хотелот во кој престојував се наоѓа на врвот на Каринтија, на Герлитзен, на 1900 метри надморска висина, а токму под ѕвездите (па затоа тука постои и астрономска опсерваторија каде може да уживате во погледот кон небото и ѕвездите), и го одзема здивот само што ќе пристигнете. Во вечерните часови буквално нема никој на планината освен гостите на хотелот, па се чувствувате уште повеќе во хармонија и едно со таа прекрасна мистика на планината.

Ова место чиј ентериер е од дрво, е со долгогодишна традиција, и тоа како место за одмор на планинарите од 1933 година, а во него домашната атмосфера и професионалниот персонал кој е составен и од Словенци и Босанци, ви нуди совршен одмор.

Покрај планинарењето, љубител ли си на зимските спортови?

- За сите љубители на зимските спортови (од кои јас сум вљубена во планинарењето и параглајдингот кога условите временски тоа го дозволуваат), тука ќе пронајдете совршени ски патеки во вкупна должина од 60 километри и 15 ски лифтови и жичари, предизвик за професионалните скијачи и авантуристите, но и почетниците. Скијањето овде е традиција со векови.

После долги години двоумење, иако како Битолчанка која секоја недела го посетува Пелистер кога сум во Битола, (последен пат на скии се качив кога бев прво одделение и мислев дека тој спорт едноставно не е за мене, се шегував ако се качам на скии ќе го гушнам првото дрво, оваа година се охрабрив да научам да скијам (тренер ми беше моето момче, па ми беше потребен некој со челични нерви и воопшто не се покајав. Совршено чувство на слобода, играње со тукушто паднатиот снег, совршен фитнес на отворено, го препорачувам на секој. 


Иако случката кога прв пат се спуштив на скии и повикав – добро како се кочи со ова чудо, дај да пробаме параглајдинг како сите нормални луге, беше само за емисијата Најсмешни видео инсерти. Највисоката точка на планината која се наоѓа веднаш над хотелот е со надморска висина од 1919 метри. Герлитзен е еден од трите најголеми ски центри во регионот на градот Вилла, заедно со Вердик и Драјландерек.

Колку е цената на ски картите?

- Дневните ски карти во зависност од сезоната и часовите кога сакате да скијате се движат од 40 до 47 евра за возрасни, детски ски карти 20 до 23 евра.


Каква забава нуди овој ски центар?

- Вкупно 200 сончеви денови во текот на годината, ги прават сите актисности тука посебно пријатни.

Околу ски стазите има 16 ресторани и барови, каде после скијањето имате можност да се опуштите на афтер ски забавите. Сепак, јас избрав малку поинаква забава во спа.


Очигледно секој поглед таму воодушевува, но што ќе ти остане посебно во сеќавање?

- Утринското кафе го пиев на сончевата тераса со поглед кон планините, прекрасна панорама која нуди поглед кон останатите планински врвови меѓу кои и Триглав, највисокиот врв на Словенија, но и највисокиот врв помеѓу планините во бивша Југославија, за потоа да се препуштам на зимските спортови, после што е маст ду, посетата на спа центарот, сауната, трчкањето низ снегот (секогаш јакнењето на имунитетот го правам преку тој нордиски начин на седење на снег неколку минути, пливање во топол базен и сауна и за сите кои се прашуваат колку помага-помага совршено иако делува страшно на почеток) и да она што веќе го споменав, но не доволно колку што заслужува внимание-инфинити базенот на отворено, со температура од 32 степени, а на 1900 метри надморска висина, кој нуди совршен поглед на планинските врвови.


Овој ритуал го имав пред зајдисонце кога сончевите зраци полека се спуштаа позади планините и даваа совршена рефлексија во водата на базенот.

Кој се најчесто посетители?

- Препознаена како област каде може да експериментирате со своите скијачки вештини или да бордате, овде може да најдете бројни туристи од целиот свет, а пред се Словенци, Германци, Хрвати, а потоа и Англичани, Италијанци и други.


Совет до заинтересираните што во прва прилика би го посетиле ова место?

- Резервацијата е задолжителна посебно за сезонскиот период, така што ако сакате да уживате во убавините кои ги нуди оваа планина неопходно е да резервирате неколку месеци претходно.

Заради честите снежни бури, патиштата посебно до повисоките места се често затворени навечер, па добро е да се информирате претходно за временските услови.

За оние малку похрабрите, имате можност да уживате во Freestyle и freerid и тоа на патеките Рута 13„Finsterbach“ и рута 22 „Rock'n'Roll.

Пијалок и десерт после скијање?

- Австријците и Германците имаат посебна и надалеку позната традиција на пијалоци (како кај нас планинскиот чај со рум), кај нив после зимските спортови се пие јага чај или пунч (и двата пијалоци се одлични за афтер ски парти) и десерот Гермкнудел направен од ванила.

Совет плус, не претерувајте многу со јага чајот бидејќи е доста јак или што би рекла јас-dont keep calm е, па што, претерајте, па на одмор сте))).

Уште еден совет за крај на ова интервју-поминувајте повеќе време во природа, ако не сте љубители на спортот, шетајте, бидете на чист воздух. Но, истовремено грижете се за природата, а таа дупло ќе ви врати со својата прегратка на хармонија во која ќе се чувствувате одлично. Истражувајте и патувајте, затоа што патувањата секогаш ве оставаат без зборови, а потоа ве претвораат во раскажувач.







Спонзорирани линкови

Маркетинг