Јапонците воведуваат задолжително спиење на работа

Точка

20/01/2019

16:37

4.500

Големина на фонт

а а а

Јапонските работодавци одлучиле спиењето на работното место да биде дел од задолжителните обврски на секој вработен.

Овде не се мисли вработените да добијат неколку минути за да ги затворат очите на своето биро, туку на располагање ќе имаат соба за спиење.

Работодавците ја донеле оваа одлука откако новото истражување покажало дека поспаноста на вработените, која влијае на ефикасноста во работата, јапонските компании годишно ги чини дури 138 милијарди долари.


Затоа, предлогот на работодавците и јапонското Министерство за здравство е вработените да добијат барем половина час за спиење попладне.

Јапонската IT компанија „Nextbeat“ веднаш го прифатила овој предлог, па за своите вработени веднаш направила две, како што велат „стратешки спални соби“.


Собите се опремени со уреди за блокирање на разни звуци кои предизвикуваат галама, кревети, шкафови, а мобилните, лаптопите и таблетите се најстрого забранети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг