Исланд ја доби драмата во Минхен, Македонија ќе се бори за 13. место на мундијалот

Дерби

17/01/2019

19:47

1.363

Големина на фонт

а а а

Македонската ракометна репрезентација одигра феноменална одбрана во текот на сите 60 минути на денешниот клучен меч со Исланд, но сепак старата болка од претходните натпревари повторно ни направи најголем проблем, бидејќи безбројните промашувања во нападот не оставија без пласман во втората фаза.

Нашите ракометари одиграа онака како што ветија, со максимално залагање и голема пожртвуваност, но за жал низата од промашени зицери и технички грешки во одлучувачките моменти наидоа на казна од спротивната страна. Македонија имаше предност од два гола на полувремето, но сепак во вториот дел имавме огромни проблеми во нападот, а тоа им овозможи на противниците да направат пресврт и во драматичната завршница да влезат со два гола предност.

Како капак на се, судиите ни одземаа и еден напад при негатива од два гола на три минути пред крајот, а тоа беше почеток на крајот за нашата репрезентација на клучниот меч со Исланд. „Рибарите“ со победата од 24:22 се пласираа во втората рунда, додека Македонија во Келн ќе се бори за 13-то место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг