Ја изгубил сопругата во 2009 година поради повреда на главата, а сега неговиот внук го снашла истата судбина

Точка

17/01/2019

19:01

5.714

Големина на фонт

а а а

Актерот Лијам Нисон доживеал уште една семејна трагедија. Откако неговата сопруга Наташа Ричардсон починала пред десет години од повреда на главата, истата судбина го снашла и неговиот внук.

Пред пет години, Ронан Секстон бил излезен со своите пријатели, а во раните утрински часови се качил на една телефонска говорница од која паднал, а од тој пад никогаш не закрепнал. 36-годишниот внук на Нисон починал овој викенд како последица од повреда на главата која ја предизвикала токму таа несреќа во 2014 година, пишува “Express.co.uk”. 

Наташа, сопругата на Нисон, починала на свои 46 години, два дена по трагичниот пад на скијалиште при кој си ја повредила главата. Актерката по падот рекла дека е добро и продолжила да оди кон хотелот, но нејзината состојба набрзо се влошила.


Кога таа починала, синовите на парот биле причината поради која Лијам не паднал во депресија, иако, како што вели тој, ја пронашол утехата во работата.


“Тагата ми надоаѓа како бранови, а сѐ уште постојат периоди кога мислам дека нејзината смрт не е реална. Понекогаш во станот слушам како се отвора врата и секогаш мислам дека ќе ја чујам”, изјавил Лијам пред две години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг