"Парламентот не може да собере мнозинство ни за откажување од Брегзит, ни за втор референдум, а ова е најизгледното сценарио"

Точка

17/01/2019

19:23

3.640

Големина на фонт

а а а

"Oxford Economics", угледна аналитичка куќа која се смета за глобален лидер во предвидувањето и квантитативната анализа, објавила проценка за случувањата поврзани со излегувањето на Обединетото кралство од ЕУ.

"Политиката на лабуристите досега се базирала на инсистирање на општи избори како модел за разбивање на блокадата во парламентот. Но, неуспехот во изгласувањето на доверба на владата и потврдата дека, и покрај разликите кога станува збор за Договорот за излегување од ЕУ, северноирската Демократска унионистичка партија е подготвена да ја поддржи владата, сугерира дека таквата политика не може да се одржи. 

Очекуваме поради тоа лабуристичките пратеници да извршат силен притисок на партиското водство за да се промени тактиката и да се поддржи одредена опција за Брегзит: нов референдум или "помек" Брегзит". Во случај водството да се спротивстави на тоа, можеме да очекуваме да дојде до бунт на значаен број на пратеници. Таквиот развој на настаните е неопходен за парламентот да пронајде позитивна алтернатива за "тврдиот" Брегзит.

Нашата проценка е дека е парламентот нема да може да собере мнозинство ни за повлекување на Членот 50, односно прекин на излегувањето од ЕУ, ниту за распишување на нов референдум. Иако сме скептични, можно е парламентот да успее да обезбеди мнозинство за помек Брегзит, кој би подразбирал трајно членство во единствениот пазар и царинската унија, но тоа би барало да се прифати Договорот за излегување од членството, ја пренесува "Jutarnji Vesnik" анализата на "Oxford Economics".

Сепак, поради длабокиот раскол меѓу еурофилите и брегзитовците во Конзервативната партија - што има потенцијал за разбивање на партијата - сметаме дека постигнувањето на меѓупартиски консензус ќе биде голем предизвик и сметаме дека поради тоа тврд Брегзит и натаму е изгледен - му даваме 35 проценти можност да се оствари, пишува "Oxford Economics". 




Спонзорирани линкови

Маркетинг