LG го претстави џиновскиот OLED екран од 19,8 метри

Точка

11/01/2019

21:13

2.671

Големина на фонт

а а а

Компанијата "LG Electronics" скопила 260 екрани за дигитални сигнални дисплеји со светлечки диоди од органски компоненти - OLED, за да пружи излгед на дигиталните окруженија додека посетителите на саемот CES 2019 влегуваат во LG кабината.

"LG OLED Falls" има 76 конкавни, 72 конвексни и 112 рамни LG OLED екрани. 

OLED ѕидот, висок 7,6 метри и широк 19,8 метри, прикажува слики од закривени пустини, водопади, океан и светлечки ефекти.

OLED технологијата на LG користи пиксели со осветлувањa кои може да се вклучат и исклучат поединечно, за контрола на светлината и квалитетот на сликата, без посебен извор на светлина. Дисплејот исто така има напредна аудио технолoгија за тоа што компанијата го нарекува импресивно искуство.

LG ја демонстрира својата технологија на изложбата "OLED Falss" во Централната сала на конгресниот центар во Лас Вегас на штандот "2019 International CES", пренесува британски "Telegraph".



Спонзорирани линкови

Маркетинг