Баерн го загуби Милер за пресметката со Ливерпул

Дерби

11/01/2019

21:03

2.510

Големина на фонт

а а а

Екипата на Баерн Минхен го очекува тежок предивизвик и битка со расположениот Ливерпул во Лигата на шампионите, битка на која германскиот првак нема да може да смета на еден од најзначајните играчи Томас Милер.

Имено денеска напаѓачот ја дозна казната за црвениот картон и бруталниот старт над Николас Талјафико на дуелот во Амстердам од групната фаза. Тој во таа ситуација доби црвен картон, меѓутоа тоа нема да биде единствената казна, бидејќу УЕФА одлучи да го испрати на „ладење“ два натпревари.

Баерн ќе ја обжали оваа одлука, но едно е сигурно Милер сигурно ќе го пропушти дуелот на „Енфилд Роуд“ закажан за 19 февруари. Ако баварците добија позитивен одговор по жалбата тогаш Томас ќе може да игра на 13 март на „Алијанц Арена“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг