После три неуспешни врски таа вели: "Мразам разделби, тоа е една од причините зошто не сакам врски"

Точка

11/01/2019

17:07

2.917

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Шерил Кол минатата година се раздели од момчето Лиам Пејн, со кој речиси три години беше во врска и со кој го доби синот Беар.

Иако зад себе има два разводи и едно раскинување од таткото на своето дете за кој не се омажила и понатаму верува во љубов, сепак во иднина не планира да влегува во нови романтични врски. 

Во разговор за Мејл онлајн открила како се чувствува после уште една неуспешна љубов:

"Мразам разделби. Тоа е една од причините зошто мразам врски. Ништо не Ве прави да се чувствувате толку лошо како раскинувањето. Баш ништо", беше искрена пејачката.


Нивниот син Беар денес има 22 месеци, а таа и Лиам се обидуваат да одржат пријателски односи.

"Не постои никаква нетрпеливост помеѓу нас. Ние сме баш како и секој пар кој проаѓа низ такви работи, само што нас нè набљудуваат и очите на јавноста", рекла таа.


На темата дека во последно време изгледа поразлично во лицето и дека наводно подлегнала на естетски операции, Шерил рекла:

"Дали Вие мислите дека изгледам поразлично? Вистина е дека тој ден кога ме фотографираа бев спиена само еден час. Многу работев на новата песна и само поради уморот им изгледам поразлично на луѓето", рекла пејачката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг