Стоилковски: Македонија е поважна од било чија лична судбина, пратениците мора да одолеат на притисоците

Макфакс

11/01/2019

14:51

301

Големина на фонт

а а а

Ако минатите месеци бевме сведоци на насилно туркање на уставните измени, денес насилството засилува и кулминира. Изминатите 24 часа власта врши жесток притисок врз пратеници, нивни роднини и пријатели – за да ги поддржат уставните измени, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Имаме неформални сведоштва од луѓе, чиј што идентитет од разбирливи причини нема да го откриеме, за јавувања од посредници кои што се повикуваат на Зоран Заев. Во игра се пари, ветувања за ослободување од политички прогон, за возврат за поддршка на уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија“, посочи партискиот портпарол.

Стоилковски наведе дека Македонија станува окупирана држава од луѓето кои што се на власт и на сила го менуваат името.

„Според непотврдени информации, дел објавени од медиумите, поранешни функционери од нашата партија, уценети со случаите дел од политичкиот прогон, под закана за нивната слобода, се ставени во функција да убедуваат со јавувања по пратеници нивни роднини и пријатели. Против овие луѓе кои што сега се притиснати да работат за Зоран Заев има конструирани обвиненија и судски случаи. Сега оние кои што не издржаа, на овој начин се борат за свое опстојување на слобода“, истакна портпаролот на опозициската партија.

Меѓутоа, Стоилковски исто така нагласи дека Македонија е поважна и побитна од било чија лична судбина и повика да се ослободат од притисоци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои што веќе донеле одлука да не учествуваат во насилната промена на Уставот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг