Киднапирана е сопругата на еден од најбогатите луѓе во Норвешка: Киднаперите бараат...

Точка

09/01/2019

16:10

3.569

Големина на фонт

а а а

Норвешката полиција денес соопшти дека сопругата на милионерот Том Хаген е киднапирана и дека киднаперите бараат девет милиони евра за нејзино ослободување.

Главниот истражител Томи Броеске изјави дека Ана-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала на 31-ви октомври минатата година, пренесува новинската агенција „АП“.

Нејзиниот сопруг Том Хаген, инвеститор во недвижнини и сопственик на енергетски објекти е 172 на листата од 400 најбогати лица во земјата која што ја објави норвешкиот финансиски магазин „Капитал“.

Полицијата соопшти дека во порака пронајдена во нивната куќа источно од Осло е опишано што ќе ѝ се случи доколку не бидат исплатени парите во криптовалутата Монеро. Од норвешката полиција не објавија повеќе детали од писмото, но открија дека киднаперите се заканиле со насилство.


„Станува збор за многу сериозни закани“, соопштија од норвешката полиција.

Ваквите случаеви се исклучително ретки во Норвешка, земја со ниска стапка на криминал. Веста за повеќемесечното исчезнување за прв пат беше објавена од весникот „Афтенпостен“ од каде што тврдат дека за киднапирањето знаеле веќе подолго време, но одлучиле да не објавуваат детали со цел да ја заштитат госпоѓата Хаген.

Како што пренесуваат норвешките медиуми, госпоѓа Хаген била киднапирана од бањата во нејзиниот дом и веќе имало „ограничен дијалог“ со киднаперите преку интернет. Откако „Афтерпостен“ ја објави веста, норвешката полиција околу куќата постави кордон.


Во соопштението, од полицијата соопштија дека била донесена одлука за случајот да се објави и покрај заканите на киднаперите, со цел да се побараат повеќе информации.

Том Хаген е сопственик на 70% од компанијата „Елкрафт“ која што ја основал во 1992-ра година. Според норвешките медиуми, Том и неговата сопруга живеат источно од Осло и иако се меѓу најбогатите луѓе во Норвешка, но и во светот, тие медиумски слабо се експонираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг