Костадинов: Мицкоски ги дели граѓаните на лојални и нелојални

Макфакс

08/01/2019

15:53

669

Големина на фонт

а а а

Груевски ги делеше граѓаните на патриоти и предавници, а неговиот пион Мицкоски ги дели граѓаните на лојални и нелојални, изјави на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој рече дека дрскоста и ароганцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ отишле до таму што на најголемиот, најрадосниот христијански верски празник, Божиќ, Мицкоски се осмелил да ги дели и понижува граѓаните.

„На Мицкоски му се врти во главата желба да се поставува во улога на судија и да утврдува кој е, а кој не е лојален граѓанин на Македонија. На граѓаните им се доста 11 години партиски суд. Македонија расчисти со поделбите и одбра да се гради како едно општество на еднакви граѓани“, рече Костадинов.

Портпаролот изрази очекување дека граѓаните на пролет ќе изберат претседател на државата кој ќе работи во интерес на земјата и рамо до рамо ќе застане со прогресивните демократски сили што ја водат Македонија во ЕУ и НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг