Џејсон Момоа: На 8 години се заљубив во Лиса

Точка

15/12/2018

14:54

5.459

Големина на фонт

а а а

Иако американскиот актер и ѕвезда од филмот „Aquaman“, Џејсон Момоа е добар пријател со Лени Кравиц, тоа не го спречило да се венча со неговата поранешна сопруга, актерката Лиса Бонет.

Неодамна во вечерното шоу на Џејмс Корден, раскажал интересни детали од својата љубовна приказна со Лиса, во која, како што вели, се заљубил на 8 години.

„Кога првпат ја видов на телевизија, имав само осум години. Ѝ реков на мајка ми дека сакам да бидам со неа и дека, ако е потребно, ќе ја „шпионирам“, сè додека не биде моја“, рекол актерот кој е најпознат по улогата Aquaman, во истоимениот филм.


Американската актерка и поранешна сопруга на Кравиц, во тоа време имала 20 години.

Поради неа дури ставив плетенки, воглавно бев опседнат. Сето тоа ѝ го кажав дури кога добивме две деца, инаку сигурно би мислела дека не сум нормален. Но, да, отсекогаш сакав да ја запознаам. За мене таа беше и остана вистинска кралица“, признал холивудскиот актер во интервјуто.


Лиса и Кравиц се запознале во раните 20-ти години, а во брак биле сè до 1993-та година. Музичарот неколку пати изјавуваше дека сака сопруга која ќе биде како неговата поранешна, со која ја имаат ќерката Зое.

Лиса го запознала Момоа во 2005-та година, а после 12 години врска, минатата година одлучиле да ја официјализираат со брак. Заедно веќе имаат две деца, ќерката Лола и синот Нако-Волф.




Спонзорирани линкови

Маркетинг