Англискиот напаѓач Дени Ингс влезе во сезоната со нов клуб, но и со нова девојка...
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, ја раскинал долгогодишната врска со згодната Џорџина Гибс, кога ја запознал 19-годишната британска танчерка, Руби Блејк.
Ингс во 2015-та година влезе во Ливерпул како големо засилување, меѓутоа, бројните повреди влијаеле на неговата кариера, па го загуби местото во тимот и морал да побара нова средина. Премина во Саутемптон и оваа сезона постигна 5 гола.
Гибс била покрај него додека поминуваше низ тешкиот период во кариерата, и сите беа уверени дека ќе се венчаат, меѓутоа, се појавила згодната Руби.
26-годишниот фудбалер не можел да одолее на оваа провокативна и згодна бринета, која сега е негова нова девојка.