На пејачката ѝ се заканува затвор поради затајување на данок: Државата не сака да ѝ прогледа низ прсти

Точка

14/12/2018

18:40

3.615

Големина на фонт

а а а

Колумбиската пејачка Шакира избегнала да плати повеќе од 14,5 милиони евра во последните три години на државата, во текот на престојот во Каталонија, па шпанскиот државен обвинител поднел обвинение против пејачката поради затајување на данок.

Како што се наведува во обвинението, Шакира ги навела Бахамите како свое официјално место на престој, но живеела во Шпанија со фудбалерот Џерард Пике. 

Со оглед на тоа дека на Бахамите данокот е многу помал отколку во Шпанијка, Шакира не е единствената позната личност која се нашла на обвинителната клупа поради даноците во Шпанија.

"Шпанските инспектори ќе ги проверат приходите, а доколку се воспостави дека не платила данок на заработувачката, судијата може да побара и затворска казна поради измама", напишал "Paradise Papers" во јануари и открил дека Шакира префрлила 30 милиони долари на оф-шор компанија на Малта.

Доколку се утврди дека пејачката избегнала плаќање на данок, и се заканува затворска казна или парична казна од повеќе од 10 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг