СДСМ: Од Мицкоски извираат истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди

Макфакс

12/12/2018

20:26

1.410

Големина на фонт

а а а

Истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди, извираат од Мицкоски. Како некоја стара, излитена, расипана плоча.

Вечерва јавноста, граѓаните, слушнаа уште едно празно, бледо, конфузно и повторувачко обраќање на Христијан Мицкоски. Ништо ново. Мицкоски нема идеја, нема концепт, визија, нема конректна програма, нема ништо добро за граѓаните, порачаа од СДСМ по говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерниот протест. 

„Деструкции, блокади, црнила, темнина и одбрана на криминалот се единствените нешта во црниот свет на Мицкоски.

Ниските обиди да ги омаловажи луѓето за нивниот физички раст, ги покажа комплексите кои Мицкоски низ годините сам си ги наметнал, во обид да биде ист како Груевски.

Нервозниот Мицкоски до толку се загуби во набројувањето новогодишни желби што побара да се повлечат мерките против загадувањето, проблем што цела деценија беше игнориран токму од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Залудни се обидите на Мицкоски преку протести за одбрана на криминалот и преку нереални барања за оставки да ја врати Македонија во темното минато на криминал, корупција и изолација.

Граѓаните ги поразија погубните антидржавни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски.

Македонија оди напред кон иднина во ЕУ и НАТО и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот“ се наведува во соопштението на партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг