Прва снимка: Дали е ова новиот Голф?

Точка

11/12/2018

17:34

3.326

Големина на фонт

а а а

Дебито на новата генерација на популарниот модел на Фолксваген е закажано за првиот дел од идната година, а на интернет во меѓувреме се појави кратко видео на кое може да се види новата „осмица“.

Како што пренесуваат германските медиуми, наводно „шпионското“ видео е направено за време на тестирањето на компактниот хечбек на Фолксваген на автопат во некоја земја од Јужна Америка.

Инаку, од досегашните достапни информации новиот Голф ќе биде опремен со најсовремена технологија, но тоа ќе значи дека „осмицата“ ќе пристигне со околу 30% повисока цена во однос на актуелниот модел, односно почетната цена на новата генерација на Голф би требало да изнесува околу 25 илјади евра.


Иако се најавуваше „посмел“ дизајн во однос на Голф 7, на видеото може да се види дека Фолксваген сепак одлучиле да не отстапат премногу од традиционалниот изглед. Новиот Голф ќе биде „изграден“ врз новата напредна “MQB” платформа, а благодарение на напредните материјали се очекува автомобилот да биде полесен за околу 50 килограми.

Сепак, повеќе детали за долгоочекуваната осма генерација на Голф ќе пристигнат во следните неколку месеци од Волфсбург.



Спонзорирани линкови

Маркетинг