Русинките „измаршираа“ кон полуфинале!

Макфакс

10/12/2018

21:08

1.842

Големина на фонт

а а а

Тоа што некогаш беше големо дерби во женскиот ракомет, овојпат помина многу еднострано – Русија ја декласираше Данска со 32:21 за да остане непоразена на ЕП во Франција и да покаже дека е фаворит за златото.

Дека Данките и дефинитивно нема што да бараат на ЕП во Франција стана јасно уште во првото полувреме, кога Русинките направија предност од пет гола, за да ја продолжат совршената игра на првенството. „Четата“ на Евгениј Трефилов го доведе мечот со рутинска игра за конечни +11 (32:21).

Ана Вјахирева доминираше со девет гола за „зборнаја“, а пет додаде поранешната „вардарка“, Полина Кузнецова. Кај Данска, Катрин Хајндал имаше пет голови.

Во вториот денешен меч, од 21 часот, Србија и Црна Гора ќе се обидат да ги задржат своите мали шанси за полуфинале во меѓусебен „лут“ дуел.

ГРУПА 1

Русија – Данска 32:21 (14:9)

Црна Гора – Србија 21.00 ч.

Табела: 1.Русија 8, 2.Франција 5, 3.Шведска 3, 4.Србија 2, 5.Црна Гора 2, 6.Данска 2




Спонзорирани линкови

Маркетинг