Првите паметни телефон со камери од 48 мегапиксели доаѓаат наскоро

Точка

10/12/2018

18:07

2.174

Големина на фонт

а а а

Според најавите од компаниите "Sony" и "Samsung", паметните телефони во кои ќе бидат вградени подобрени камери со сензори од 48 мегапиксели, наскоро би можеле да се најдат во продажба.

Така "Honor" неодамна го најавил моделот "View 20", кој ќе биде опремен со IMX586 сензор на "Sony" и процесор "Kirin 980" на "Huawei". Уредот ќе го има истиот дизајн на селфи камера како и постоечкиот "Huawei Nova 4", кој официјално ќе биде претставен на 17-ти декември. 

"Honor View 20", наследникот на моделот "View 10", премиерно ќе биде претставен на 22-ри јануари во Париз. Кинеската верзија во таа земја ќе биде достапна од 26-ти декември. "View 20" би требало да биде поконкурентен на пазарот, во однос на својот претходник, кога станува збор за спецификациите и дизајнот.

Во меѓувреме, и "Xiaomi" најавил свој нов телефон опремен со камера од 48 мегапиксели, кој би требало да се појави во наредните месеци. Директорот на таа компанија, Лин Бин, на својот профил на социјалната мрежа Weibo објавил фотографија на која може може да се види детаљ од камерата од 48 мегапиксели.

Од "Samsung" и "Sony" доаѓаат прилично слични тврдења кога нивните сензори се во прашање: дека тие ќе имаат "ситни пиксели од 0.8 микрометри" и дека ќе бидат физички поголеми од повеќето конкуренти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг