Започнува недела на бургерите: Сите ќе може да гласаат за „Најдобар бургер во Скопје“

Точка

10/12/2018

21:51

7.389

Големина на фонт

а а а

Од 10 до 16 декември, вкупно 10 локали во Скопје ќе учествуваат во „Burger Wars“, натпревар во кој победникот ќе биде прогласен за ресторан со „Најдобар бургер во Скопје“.

На натпреварот, имплементиран од страна на Reborn.mk, кој ќе трае една недела, многу од рестораните натпреварувачи ќе нудат бургери по промотивна, намалена цена, а гостите-гласачи ќе учествуваат во наградна игра за бургер-ваучери и други награди.

Изборот на победникот ќе биде направен преку гласање на гостите во рестораните, со оценување на бургерите на скала од 1 до 10, и од страна на четири-члено жири составено од Гоце САФ, Софка Камилоска, Бобан Симоновски и Моника Потер.

Кои ресторани ќе се натпреваруваат?

Во битката за „Најдобар бургер во Скопје за 2018“ ќе учествуваат вкупно 10 локали:

BackYard Lounge Bar, Barbakan Bistro Bar, Brunch Box Eatery, Центар Бар, Fitness House, M's Fish&Chips, Gastroteca Siesta, Ресторан Маџо 2.0, Rock Kafana Rustikana 2.0, Urban Burger Bar.

Каде ќе се случува натпреварот?

На 10 места одеднаш, односно во 10-те ресторани одеднаш. Тоа значи дека секој ќе може да посети и оцени само еден ресторан од листата или да ги дегустира и оцени сите.


Како ќе биде избран победникот?

Преку гласање од публиката, односно на гостите на рестораните кои ќе нарачаат бургер во текот на натпреварот, и секако, дополнително преку оцената на три-члено жири (Гоце САФ, Софка Камилоска и Моника Потер).

Секој кој ќе нарача бургер во рестораните-учесници ќе добие и ливче за гласање на кое ќе може да го оцени бургерот на скала од 1 до 5. При гласањето, на истото тоа ливче ќе биде му прикачена фискалната сметка. Ливчињата без прикачена фискална сметка ќе бидат земени за неважечки.

Подароци и попусти за гостите во рестораните

При пополнувањето на гласачкото ливче, секој што ќе го остави својот имејл контакт, автоматски ќе учествува во наградна игра за бургер-ваучери во рестораните учесници и други награди. Дополнително, за време на настанот, повеќето од рестораните ќе ги нудат бургерите по промотивна, намалена цена.

Ресторанот победник на „Burger Wars“ натпреварот ќе биде прогласен на 18 декември 2018, а истовремено ќе бидат прогласени и гласачите добитници на награди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг