Учителка добила отказ откако им "ја убила божиќната магија" на шестгодишните ученици

Точка

06/12/2018

20:42

1.791

Големина на фонт

а а а

Една учителка е главна тема помеѓу родителите во САД, откако на шестгодишните ученици им кажала дека Дедо Мраз не постои и дека нивните родители се тие кои ги купуваат подароците и ги оставаат под елката.

Но, таа не застанала тука - учителката им открила на децата и дека не постои ниту Велигденското Зајче и дека ирвасите не можат да летаат. 

Ваквата сцена се одиграла во училиштето "Cedar Hill" во Њу Џерси, а родителите се огорчени од нејзината постапка.


"Таа им кажала на децата дека Дедо Мраз не е реален, дека родителите ги купуваат подароците и ги ставаат под елката. Им кажала дека ирвасите не можат да летаат и дека џуџињата не постојат туку тоа се само кукли кои родителите ги поместуваат. Потоа продолжила да зборува и дека приказната за Велигденското Зајче е лага. Оваа возрасна жена го "уби божиќниот дух" на нашиот шестгодишен син и на уште 22 други деца", напишала вознемирената мајка Лиса Симек на Фејсбук.

Родителите пробале да ја поправат штетата, а директорот на училиштето Мајкл Рај изјавил дека сериозно ја сфатил целата ситуација. Доказ за тоа е и отказот кој го добила "суровата" учителка.

Експертите велат дека децата треба да веруваат во магијата и ликовите од бајките се' додека самите не почнат да поставуваат прашања за нивото постоење, а тоа најчесто се случува во доба помеѓу пет и седум години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг