Бранови високи и до 35 метри! Место на кое нема да посакате да бидете блиску до брегот

Точка

19/11/2018

16:07

5.939

Големина на фонт

а а а

Кога брановите ќе се подигнат, градските власти советуваат да не бидете во близина на крајбрежјето од безбедносни причини. Но, на некои им е тешко да одолеат на повикот од океанот.

Назаре е името на градот и општината на западното крајбрежје на Португалија во регионот Оесте. Локалното население го опишува како идилично и мирно место за пријатен одмор. 


Туристичките агенции го промовираат како еден од градовите со најубавите песочни плажи во оваа европска земја, но и местото кое со задоволство ќе го посетат вљубениците во екстремните спортови на вода. Поточно, сурферите заљубени во високите бранови.


Поради специфичната положба со Атлантскиот океан, Назаре може да се пофали со спектакуларни бранови високи и по неколку десетина метри. На пример, португалскиот сурфер Хуго Вау овој јануари го совлада бранот познат како голема мајка од дури 35 метри.


Кога брановите ќе се подигнат, градските власти советуваат да не бидат во близина на крајбрежјето од безбедносни причини. Но, некои едноставно не можат да му одолеат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг