Џенифер Лопез се појави на отварање на трговски центар и само за 20 минути заработи 2 милиони долари!

Точка

16/11/2018

21:11

3.946

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез е мултиталентирана уметничка која има поставено висока цена за своето појавување. Таа за да дојде на отварањето на трговскиот центар во Доха, Катар земала 2 милиони долари за само 20 минути појавување пред камери.

Всушност, глумицата и пејачка добила и дополнителни милион долари за патни трошоци, во кој спаѓаат приватниот авион и луксузен хотел. 


Нејзината единствена задача беше да одговори на неколку прашања за правата на жените, со оглед на тоа дека беше присутна на говорот за напоменатата тема. Џенифер после тоа позираше пред фоторепортерите и заработи 2 милиони долари.


На Шеиците не им беше проблем да ја искешираат таа цифра и да го овозможат тој настан, па изгледа дека нејзиното појавување беше обострано задоволство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг