Ќе се воодушевите од божиќната реклама на модната куќа „Burberry“!

Точка

15/11/2018

21:02

5.191

Големина на фонт

а а а

Празниците се ближат, а по тој повод, британската модна куќа, на чело со Ричард Тиси, ја претставиле божиќната кампања.

Во главна улога се актерите Кристин Скот Томас и Мат Смит, музичарката M.I.A. и поранешниот супермодел Наоми Кемпбел, заедно со нејзината мајка Валери Морис - Кемпбел.

Неколку дена претходно, биле презентирани и визуелите, со главните протагонисти на ова видео, во режија на Џуно Калипсо.

„Close Your Eyes and Think of Christmas“ ги прикажува ликовите во различни ситуации - како поминуваат време во некое кафуле, на семејна вечера или додека патуваат во јавен превоз, нормално, од глава до пети облечени во парчиња од британската модна куќа.

Во ова видео имаме прилика да ги видиме и првите парчиња од лимитираната колекција „Burberry x Vivienne Westwood“, а сето тоа е проследено со звуци на традиционалната божиќна песна „Carol of the Bells“.

Дел од облеката и модните додатоци од видеото, како што се балоните, шалови со новиот монограм на куќата и ташните „Belt“ ќе се најдат и во бутиците, но и во онлајн продавниците, од 6-ти декември, а остатокот ќе пристигне во почетокот на наредната година. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг