Според шефот на Мајкрософт, ова се трите највредни особини на вистинските лидери

Точка

15/11/2018

17:48

3.982

Големина на фонт

а а а

При изборот на новите вработени, Сатја Надела ги бара одликите на еден лидер, а во разговор на факултетот во Чикаго, тој ги издвои трите особини кои што ги смета за карактеристики на вистинските лидери.

Надела на чело на Мајкрософт го замени Стив Балмер во 2014-та година и во текот на изминатите неколку години се покажа како способен лидер. Најдобар доказ за тоа е што цената на акциите на компанијата кога тој пристигнал на чело на Мајкрософот изнесувале од 40 до 50 долари, а денес тие се движат околу 110 долари, со пазарна вредност од дури 820 милијарди долари.

Шефот на технолошкиот гигант, за време на неодамнешната посета на Факултетот во Чикаго, говорел за лидерските способности кои што ги бара кај кандидатите кои што сакаат да работат во Мајкрософт, а вели дека ги стекнал додека студирал.


Првата особина е јаснотијата околу чекорите кои што лидерот треба да ги превземе при некои непредвидливи околности или паника. Имено, Надела вели дека вистинските лидери не се потребни во ситуации во кои се е дефинирано, туку во ситуации кога работите не одат според планот. Според него, тогаш вистинското лидерство доаѓа до израз.

Втората карактеристика на вистинскиот лидер е енергијата и ентузијазмот кој што го шири меѓу вработените – и тоа не само меѓу својата екипа, туку и во целата компанија: „Лидерите треба да поттикнуваат оптимизам, креативност, посветеност на работата и раст во текот на добрите и лошите периоди“.


И третата и најважна особина која што според Надела треба да ја има секој лидер е можноста за успех во ограничени и несовршени услови и овој совет според него може да се примени не само во работата, туку и во секојдневните ситуации во животот. Вистинскиот лидер никогаш нема да каже дека поради одредени фактори кои не се под негово влијание не може да реши одреден проблем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг