Вртоглаво опаѓање на цената на горивата во Македонија: Бензинот поевтинува за 4,5, а дизелот за три денари

Точка

12/11/2018

13:16

4.614

Големина на фонт

а а а

Цената на бензинот од полноќ ќе се намали за 4,5 денари и три денари за дизелот, а цената на екстра лесното гориво ќе опадне за 3,5 денари, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

"Денеска имаме едно од најголемите намалувања на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Тоа не е наша заслуга, ниту претходно по наша заслуга или вина беше зголемувањето на цената на горивата, едноставно такви се трендовите на берзата за нафта. Ние само ја применуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година", изјави Бислимовски. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг