Се продава "бункерот" на Јосип Броз Тито во Њујорк: Поглед кон Централ Парк и сигурносен систем низ кој не може ни мува да пројде

Точка

06/11/2018

12:22

10.613

Големина на фонт

а а а

Една од последните њујоршки резиденции од Златното доба на Америка, со многу богата историја, се најде на продажба за 50 милиони долари. Недвижнината ја огласила агенцијата "Даглас Елиман".

Градската куќа на Петтата авенија на Менхетен е изградена во 1905 година, а ја проектирала истата фирма која ја изградила познатата станица Гранд Централ. Таа поседува 32 соби, осум купатила и два лифта, пишува "Daily Mail". 


Додека била во сопственост на семејството Вандербилт, во неа ништо не се менувало, се до моментот кога сопственик станала поранешната СФРЈ која го купила пентхаусот во 1946 година, веднаш по Втората светска војна.

Во пентхаусот со површина од околу 1800 квадратни метри, во прозорците кои биле свртени кон Централ Парк биле вградени стакла отпорни на куршуми, а последниот спрат бил обезбеден со Фарадаев кафез со што се оневозможило прислушкување.

Во текот на Студената војна, југословенскиот лидер Јосип Броз Тито престојувал на оваа адреса по неуспешниот атентат во хотелот "Валдорф Асторија" во 1963 година, кога бил во посета на Америка на повик на Џон Кенеди, вели Тристан Харпер од агенцијата.


Зградата е изградена во 1905 година за њујоршкиот брокер Роберт Ливингстон Бекман, кој подоцна станал гувернер на Лонг Ајленд. Таа се градела во време на американското Златно доба, кога се создавале многу богати американски династии, а домовите биле градени да наликуваат на француски дворци. Емили Торн Вандербилт, внуката на Корнелиус Вандербилт, се преселила заедно со сопругот Хенри Вајт во резиденцијата откако ја откупиле за 450 илјади долари во 1925 година.

Станот кој бил украсен со екстравагантни детали припаднал на Република Југославија по нејзината смрт во 1946 година, а истиот бил откупен за 300 илјади долари благодарение на наглиот пад на цената на пазарот.

Југославија ја користела оваа резиденција како своја амбасада. Во 1961 година, Тито тука бил домаќин на претставници на власта од Египет, Гана, Индија и Индонезија. Во 1975 година, во подножјето на скалите била поставена бомба која го оштетила првиот спрат од зградата и ги скршила прозорците.


Две години подоцна, тројца наоружани хрватски националисти упаднале во зградата и застрелале едно лице во стомакот. Денес, имотот се уште е во сопственост на пет поранешни југословенски држави, кои се негови правни наследници, а за нивните удели одлучувале Обединетите Нации.

Босна, Хрватска, Македонија, Србија и Словенија имаат портфолио од 50 недвижнини ширум светот кои имаат намера да ги продадат, но само четири, вклучувајќи го и овој пентхаус на Петтата авенија, мометално се понудени на пазарот.

Иако милијардерот Џошуа Харис понудил 50 милиони долари за њујоршката резиденција, државите сепак не можеле да се одлучат за нејзина продажба. Споменатиот милијардер подоцна купил вила на друга локација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг