Фотографијата на Бобан Марјановиќ и пејачката Кристен Ченовет го обиколи светот

Дерби

31/10/2018

17:10

2.017

Големина на фонт

а а а

Српскиот џин, Бобан Марјановиќ со своите 222 сантиметри е највисокиот кошаркар во НБА Лигата, а рано утрово го привлече вниманието откако се фотографираше со познатата американска пејачка, Кристен Ченовет.

Пејачката беше присутна во Оклахома за да ја изведе химната на САД пред почетокот на натпреварот меѓу домашната екипа и Лос Анџелес Клиперс.

Нешто пред почетокот на средбата, пејачката се фотографираше со Бобан Марјановиќ. Фотографијата брзо го обиколи светот затоа што Ченовет е висока само 1.5 метар и е речиси двојно пониска од српскиот џин.

Низ социјалните мрежи веднаш почнаа да се шират шеговити и досетливи коментари од тимот на тоа дека Боби можел да си ја земе како приврзок за клучевите, или да си ја стави во џебот…