Безглаво „чудовиште“ во морските длабочини: Необично суштество пронајдено кај Антарктикот

Точка

23/10/2018

12:30

4.466

Големина на фонт

а а а

Во водите на Јужниот океан научниците открија необично, безглаво морско суштество.

Ова суштество кое што според многумина изгледа на „безглаво пиле“, за прв пат било забележано како плива во близина на бреговите на источен Антарктик.

„Снимките не оставија без зборови. Ова е животински вид каков што досега не сме виделе во овој дел од светот“, изјави Дирк Велсфорд од програмата на Австралиската антарктичка дивизија.

Телото на новооткриеното суштество е транспарентно, а од досегашните испитувања, научниците заклучиле дека најмногу време поминува на дното од океанот, користејќи ги своите мрежести пераи со чија што помош се движи. Подоцна било утврдено дека станува збор за “Enypniastes Eximia”.

Станува збор за „морска краставиица“ која што претходно била забележана само на едно место, во Мексиканскиот залив во 1984-та година и засега не е јасно како суштеството се нашло во Јужниот океан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг