Експертите тврдат дека совршениот маж и совршената жена изгледаат вака

Точка

22/10/2018

21:05

9.576

Големина на фонт

а а а

Истражувачите тврдат дека дека направиле фотографии од совршените маж и жена, комбинирајќи ја структурата на лицата на најпривлечните познати личности, пишува "Daily Mail".

Тим експерти од "Men's Pharmacy" ги проучувале фотографиите од холивудските ѕвезди кои се сметаат за најпривлечни, и комбинирајќи ги нивните црти на лицето, тие креирале фотографии од совршениот маж и совршената жена. 

Во своето истражување, тие се воделе според резултатите од две анкети од списанијата "Glamour" и "Ranking", во кои читателите гласале за тоа кои од славните личности ги сметаат за совршени.

Со тоа, совршениот маж има кадрава коса како Ејдан Тарнер, очи како Том Харди и вилица како Крис Хемсворт.


Совршената жена, пак, е комбинација од Кејт Аптон, Скарлет Јохансон и Александра Дадарио.


"Секоја година мажите и жените ширум светот расправаат за тоа кои се најсекси луѓето на планетата, а ние одлучивме еднаш засекогаш да ја решиме таа расправа така што науката и технологијата ќе одлучат за резултатите", изјавила директорката на маркетинг на "Men's Pharmacy", Ешли Ели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг