Се чини дека алатката за родителски надзор на Apple и не работи баш најдобро, открива магазинот “Variety”.
Магазинот открива дека Apple успешно го има блокирано поимот „секс“ во пребарувањата, но затоа без проблем се прикажуваат насилствата, радикалниот Ислам, екстремизмот, па дури и порнографските термини.
Овие поставки може да се најдат во одделот Screen Time кој што Apple ги претстави во текот на минатиот месец во рамките на оперативниот систем iOS 12. Поставките за родителски надзор сега на родителите им овозможуваат на Ајфоните на нивните деца да ја сокријат содржината која што е непримерна за нивната возраст.
Сепак, како што открива “Variety”, направени се сериозни пропусти кои што ќе мора да бидат исправени во следната надоградба на оперативниот систем на Apple.
Имено, филтерот не дозволува пребарување на поими како што се „сигурен секс“, како и „телефонска линија за помош во случај на сексуален напад“ и „сексуално образование“, но затоа доозволува пребарување на поими како што се „бомбардирање“, „труење“, па дури и „приклучување на Исламската држава“.
Од “Variety” велат дека Apple на овој начин многу лошо ги задржуваат реалните непримерни содржини и неправилно цензурира одредени веб страници како што е “Teen Vogue”.