Samsung Galaxy Note 10 би можел да има „страшно голем“ екран

Точка

18/10/2018

16:41

2.754

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејската компанија неодамна го претстави најновиот Galaxy Note 9 со големиот 6,4-инчен екран, а сега кружат гласини дека десетата генерација ќе има уште поголем екран.

Извори блиски до Samsung открија дека Galaxy Note 10 ќе има 6,66-инчен ОЛЕД екран, а од компанијата одлуката ја однеле овој месец и веќе биле испратени сите спецификации до добавувачот, односно до Samsung Display.

До претставувањето на овој уред ќе почекаме уште околу една година, а во периодот кој што ќе следува, ќе се појавуваат и нови детали околу јубилејната 10-та генерација на Galaxy Note.


Секако, на вакви гласини може да им се верува затоа што екраните на сите нови паметни телефони продолжуваат да растат на сметка на целата предна површина на уредот која што ја зафаќаат.

Така на пример, новиот iPhone XS Max го „прескокна“Galaxy Note 9 со својот 6,5 инчен екран, па од Samsung ќе работат на намалување на рабовите на предната страна и сигурно ќе се обидат да понудат уште поголем “infinity” екран на својот најнов Galaxy Note 10.


Исто така, од претходно се појавија гласини дека Galaxy Note 10 се развива под кодното име Da Vinci, а тоа според многумина асоцира на значително подобрување на S Pen пенкалото.

Инаку, следниот флегшип телефон на јужнокорејската компанија ќе биде Galaxy S10 кој ќе биде претставен кон крајот на првото тромесечие од идната година.