Умрел најпознатиот американски макро и републикански кандидат Денис Хоф: Славел роденден со див секс со проститутката Даша, мртов го пронашол порно актерот Рон Џереми

Точка

18/10/2018

13:16

3.585

Големина на фонт

а а а

Денис Хоф, сопственикот на најпознатиот америакански бордел "Moonlight Bunny Ranch", ријалити ѕвезда и кандидат за републикански сенатор, умрел славајќи го 72. роденден со своите проститутки, а неговото безживотно тело го пронашол порно актерот Рон Џереми, добар пријател на Хоф.

Џереми за "Daily Mail" раскажал дека Денис бил воодушевен и дека му рекол дека таа ноќ му била најдобра во неговиот живот. 

"На полноќ Денис отишол во соба со Даша, релативно нова девојка на ранчот, и тоа во истата соба во која се предозирал Ламар Одом. Даша минала два часа со Денис, па во барот ми се приклучи на мене и другите девојки", вели тажниот Џереми.

"Го оставив девојките во околу 2:30 часот и отидов во кревет. Станав во 10:30 и се радував што ќе го видам Денис. Тој обично стануваше рано. Помислив дека спие повеќе поради роденденската забава. Лежеше во креветот кога влегов во собата. Го допирав за рамото но не се поместуваше, па помислив дека спие", вели Џереми.

Порно актерот вели дека отишол по девојките за да му помогнат и дека сфатил дека работата е сериозно бидејќи ни тогаш не се будел. Бил студен и раката му била вкочанета. Не помогнало ни вештачкото дишење, па Џереми се јавил во Итна помош.

##https://twitter.com/nwoinfowarriors/status/1052561028523933696##

"Даша се полуде молејќи се. Една девојка одвај ја одвлече", вели тој.

Денис Хоф, макро и сопственик на јавната куќа "Moonlight Bunny Ranch" во Невада, веќе со месеци е под истрага поради трговија со бело робје и обвиненија за силување. Исто така е член и на Републиканската партија и имал намера во ноември да се кандидира на изборите за Конгресот.

Без разлика на тоа, неговите проститутки во 2016. година ја поддржале Хилари во кандидатурата за претседател на САД.

Хоф е познат и како ријалити ѕвезда, а на гости го поканил и претседателот на Русија, Владимир Путин, да го увери дека американските проститутки се поубави од руските.

##https://twitter.com/jessica_weenie/status/1052312917641555968##

##https://twitter.com/BunnyPantera/status/1052312596861177856##



Спонзорирани линкови

Маркетинг