Кога богатите и моќни Аргентинци се припремаат за задгробниот живот, тоа го прават со стил.
Гробиштата "Реколета" се едни од најинтересните на светот, со над 6400 мавзолеи налик на готски капели, грчки храмови и елегантни мали куќи. Овие ексклузивни гробишта се последната станица на најпознатите претседатели, интелектуалци, генерали и артисти, но и популарно туристичко место за посета во Буенос Аирес.
Според една аргентинска легенда, италијанскиот гробар Давид Алено работел 30 години на овие гробишта, штедејќи за сопственото гробно место. Кога еден италијански архитект изработил негова скулптура, Давид извршил самоубиство.
Легендите говорат дека неговиот дух шета низ гробиштата навечер и дека се уште може да се види, или барем да се чуе како тропаат неговите клучеви во џебот додека тој шета.
Тука е погребан и Доминго Фаустинo Сармиенто, седмиот аргентински претседател кој починал во Парагвај на 77-годишна возраст. Врвот со обелиск го краси неговото вечно почивалиште. Сармиенто ќе остане запаметен по залагањата за поквалитетно образование, како и за демократијата во Латинска Америка. Самиот ја дизајнирал својата гробница пред смртта.
Аргентинскиот боксер Луис Ангел Фирпo со прекар "разјарениот бик од Пампас" почива токму на гробиштата "Реколета", а тој бил широко популарен во Латинска Америка во 20-тите години од минатиот век. Во 2003 година, Фирпо се најде на листата на 100-те најдобри боксери на сите времиња.