Драстичен пад на продажбата на автомобили на Фолскваген групацијата...

Точка

16/10/2018

16:31

3.155

Големина на фонт

а а а

Фолксваген групацијата во септември забележала глобален пад на продажбата на автомобили од 18% во однос на истиот месец 2017-та година.

Причината за падот на продажбата на автомобилите на германскиот автомобилски гигант е новиот стандард на тестирање на издувните гасови на моторните возила “WLTP” кој што стапи на сила во септември оваа година.

Токму овој стандард им зададе главоболки на многу производители на автомобили кои што поради промените на стандардите во врска со емисијата на штетните гасови беа принудени привремено да ја стопираат продажбата на одредени модели кои што не ги задоволуваат нормите.


Меѓу „жртвите“ се Jaguar XJR575, Audi RS3, Volkswagen Golf GTI, SEAT Leon Cupra, Peugeot 308 GTI и многу други автомобили.

Сепак, од Фолскваген велат дека очекувале ваквов пад на продажбата во септември и сето тоа било пресметано во продажните планови на компанијата за 2018-та година. Во септември, Фолксваген групацијата во која што покрај матичниот бренд Фолксваген, се наоѓаат и Ауди, Шкода, Сеат и други, испорачала ширум светот 827,700 возила, што значи дека е забележан пад на продажбата од 18,1% во споредба со истиот месец 2017-та година.


Падот е уште поголем во Западна Европа каде што изнесува дури 41,5%. Сепак, од Фолксваген уште еднаш нагласија дека после фантастичната продажба во летните месеци, падот во септември бил очекуван поради прилагодувањето на “WLTP” стандардот, а тоа посебно се одразило во Европа.

Од сите брендови во рамките на Фолксваген групацијата, најлошо помина Ауди каде што е забележан пад на продажбата во септември од 22%. Сеат продале 20% помалку автомобили, а Фолксваген 18,3%, додека продажбата на Порше паднала за само 3%.



Спонзорирани линкови

Маркетинг