Поради производство на училишни униформи со хиџаб, британската компанија стана мета на критики

Точка

15/10/2018

16:31

2.184

Големина на фонт

а а а

Компанијата за облека Mark & Spencer се најде помеѓу контроверзии откако произведе училишни униформи со хиџаб за муслиманските девојчиња. Имено, униформите се за девојчиња од девет години.

Ова парче верска облека која служи за покривање на косата на муслиманските девојчиња е достапно и во онлајн продажба поради големата побарувачка на овој производ. 

Меѓутоа, некои од родителите и активистите во коментари ја критикуваат оваа објава, бидејќи тврдат дека оваа униформа е вид на угнетување, додека други ги обвинуваат за сексуализација на младите девојки.

##https://twitter.com/proliberalT/status/1049974036741218304##

Инаку, компанијата Mark & Spencer соработува со 250 училишта како доставувач на училишни униформи. Тврдат дека од училиштата добиваат барања за широк распон на облека, вклучувајќи панталони, здолништа и кошули.

Хиџабите можат да се најдат во категоријата за училишна обелка за девојчиња и се продаваат за 6 фунти. Хиџабот е со универзална големина, а прилагоден е за девојчиња од девет години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг