Консумирање преработено месо го зголемува ризикот од рак на дојка

Точка

05/10/2018

10:21

1.865

Големина на фонт

а а а

Новото истражување, спроведено на Харвард, покажало дека консумирањето сланина и шунка и слични видови месо, може да предизвика рак на дојка, пренесува „People“.

Имено, консумирањето преработено месо, го зголемува ризикот од заболување од рак на дојка, за 9%.

Дозволена количина за внесување во организмот, во текот на еден ден, е 2 грама.


Иако претходни истражувања покажале поврзаност помеѓу ракот и консумирањето на овие видови месо, научниците проучиле 20 различни видови, па од резултатите од истражувањето донесен е тој заклучок.

Д-р Меријам Фарвид, која го водела ова истражување, изјавила дека ризикот е многу мал и дека луѓето не би требало да паничат.


„Единствено што треба да направите е да ја намалите консумацијата на црвеното и преработеното месо“, рекла таа.