Шпанскиот репрезентативец, Дани Карвахал натпреварот против ЦСКА Москва во вторникот го напушти во 42-ра минута поради повреда.
После повредата се огласија од Реал Мадрид и потврдија дека Шпанецот ќе мора да паузира одреден период, што значи дека ќе го пропушти следниот натпревар на „Кралевите“ во Примера овој викенд, како и настапите за шпанската репрезентација.
Не е познато колку точно ќе паузира Карвахал, но најавени се детални проверки со кои ќе биде утврдено дали неговиот мускул сериозно има настрадано.
Повредата на Карвахал е лоша вест за Реал Мадрид со оглед на тоа што клубот има слични проблеми и со Марсело и Иско, многу важни играчи кои што исто така не играат поради повреда.