Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар на партијата, дознава ,,Макфакс” од партиски извори.
Неофицијално, причина за разрешувањето е несовесното работење на партијата. ,,Макфакс” го контактираше Богојески за потврда на информацијата, но тој не одговараше на телефонски повици.
Петар Богојески е еден од членовите на партијата кои го поддржаа договорот со Грција, притоа, бараше и внатрешни реформи во партијата. Тој пред референдумот, велеше дека мнозинството од членството на неговата партија сака влез во ЕУ и НАТО и повикуваше да излезат на гласање.