Данев: Ако има тајно гласање ќе ја напуштам седницата

Макфакс

03/10/2018

20:06

2.834

Големина на фонт

а а а

Ако има тајно гласање ќе ја напуштам седницата, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

„Веднаш по завршување на референдумскиот ден јас го кажав личниот став, дека за мене овој процес е завршен, дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот, рече Данев.

Тој повтори дека цензус нема и дека не се исполнети условите за успешен референдум.

„Јас како пратеник нема да гласам за уставни измени со цел промена на уставното име“, додаде Данев.