Ракометниот унгарски гигант Веспрем неочекувано влезе во турбулентен период во рана фаза од сезоната и тоа по поразот од Вардар во Лигата на шампионите.
Клубот чиј член е нашиот репрезентативец Дејан Манасков одлучи да се раздели со тренерот Љубомир Врањеш и уште неколку други важни луѓе се со цел да не се фрли во вода оваа кампања покрај големите вложувања и дрим тимот. Дали оваа одлука ќе се покаже како вистинска ќе покаже времето, но во меѓувреме Веспрем мора да ги пополни испразнетите места со тоа што во прв план секако е тренерската позиција.
Според информацијата на дел од медиумите прв пик на унгарскиот вицешампион е Давид Дејвис Камара. Камара и е многу добро познат на македонската јавноста со оглед на тоа што неколку години му беше десна рака на Раул Гонзалес во Вардар, а одреден период седеше на клупата на женскиот клуб.
Тој во моментов е селектор на Египет, но ако стигне повик од Веспрем сигурно нема да му каже „не“ со оглед на тоа што станува збор за еден од најмоќните најдобрите клубови со Европа со највисоки амбиции.