Штербик ја има втората најдобра одбрана на колото

Дерби

01/10/2018

12:42

1.131

Големина на фонт

а а а

Најдобриот македонски ракометен колектив Вардар ја продолжи својата победничка серија и на гостувањето во Унгарија каде успеа да го среди моќниоѕ состав на Веспрем.

Вардарци славеа со 27-25 со што едноставно дојдоа до старт од соништата во Лигата на шампионите со оглед на тоа какви се промени се направија во екипата во однос на минатата сезона.

Сепак, Арпад Штербик, човекот кој во минатото ,,царуваше” на голот на РК Вардар, овој пат како голман на Веспрем, немаше блескави моменти како порано. 7 одбрани кои ги имаше Штербик, беа далеку од бројката на одбрани која ја имаше на речиси секој меч на голот на ,,вардарците”.

Сепак на крај една од неговите 7 одбрани, се најде како втора најдобра одбрана во третото коло и тоа со одбрана од контранападот на ракометарот на Вардар, Борозан. Погледнете ги најдобрите 5 одбрани на следниот ЛИНК.