Сончево и свежо, со температура до 22 степени

Макфакс

26/09/2018

09:29

1.110

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде сончево и свежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 9, а максималната од 13 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 18 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури. Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен североисточен ветер. Од недела ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг