Невистините што секојдневно ги шири опозициската партија веднаш се демантирани од различни страни, денеска од страна на Македонската информативна агенција, се наведува во соопштение на СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на портпариолот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„ВМРО-ДПМНЕ лаже кога вели дека со Договорот со Грција се брише македонскиот идентитет, македонската историја и посебност. Напротив, Договорот ги зајакнува и гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност кои стануваат признаени од целиот свет, вклучително и од Грција“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека членство на Македонија во ЕУ и НАТО со признаен идентитет е огромна придобивка.