Шпанска „Марка” излезе со информација за непријатната ситуација која се случила во тунелот на на „Месталја“ на мечот од Јувентус и Валенсија каде „Бјанконерите“победија со 2:0.
По одлуката на судијата Феликс Брих да го исклучи Роналдо на самиот почеток од мечот, била причина Павел Недвед да експлодира. Тој на полувремето се упатил кон судијата Брих кој низ тунелот одел кон соблекувалната.
Меѓутоа, Брих не изреагирал, а Недвед уште толку се изнервирал и побеснел, со што почнал да му упатува невкусни зборови, а со тоа можно е да се најде на тапет на дисциплинсаката комисија на УЕФА.