Ако ви пречи тоа што со партнерот немате подолг секс, ова се начините како да го продолжите и да доживеете оргазам!

Точка

19/09/2018

19:19

7.659

Големина на фонт

а а а

Имате проблем со партнерот, бидејќи не може да ве задоволи онака како што сакате, пребрзо се возбудува и доживува оргазам, па поради тоа вие не постигнувате да бидете максимално задоволена, и тој процес во последно време е сѐ почест?

За таа цел, прво нешто што би ве посоветувале е комуникација и обрнување внимание на проблемот кој го имате. Тоа е половина пат до успехот. Со премолчување можеби ги чувате неговите суета и его, но не добивате ништо.


Вежба за долго дишење

Вежбата за длабоко дишење, пред самиот чин, на вашиот партнер ќе му помогне да се опушти. Така ќе му се намали нивото на возбуда и ќе добие можност за подолго водење љубов.


Оргазам за време на предиграта

Со оглед на тоа дека пенетрацијата за мажите обично ги забрзува работите, партнерот нека ве доведе до оргазам за време на предиграта. Тоа двајцата ќе ве доведе до помирна сосојба и ќе ги зголеми шансите за заедно да доживеете оргазам. Покрај тоа, кога еднаш ќе стигнете до големото О, ќе ви биде полесно вториот пат.


Задолжителен "Time-out"

Кога работите ќе станат напорни, задолжително направете пауза и тоа неколку пати. Така ќе ја намалите возбудата и оргазамот ќе "настапи" покасно.


Прескокнете ја Doggy позата

Ова е одлична поза за брз секс. Но, повеќето момци подолго ќе издржат во мисионерска или каубојска поза. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг