Дали руската шпионка Марија Бутина ќе го доживее "бакнежот на смртта"? Руси продолжуваат да ја посетуваат во затвор, а зад тоа стојат три цели

Точка

19/09/2018

17:15

2.720

Големина на фонт

а а а

Откако во јули била уапсена во Вашингтон, Марија Бутина, руска студентка која владата на САД ја обвинила за шпионажа за нејзината татковина, таа престојува во затворска ќелија. На почетокот на овој месец, во документите кои разгледувале дали Бутина треба да биде задржана во притвор поради ризик да ја напушти земјата, обвинителите откриле дека добила многу внимание од руските службеници.

Според наводите на обвинителството, руската влада спровела шест конзуларни посети на Бутина и и пратила четири дипломатски ноти на владата на САД по повод нејзиниот случај. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, два пати разговарал со државниот секретар Мајк Помпео и се жалел по повод затворањето на Бутина и судењето. Како што тврди обвинителството, во деновите по апсењето на Бутина, официјалниот твитер профил на Кремљ го променил својот аватар во нејзината фотографија и со порака #FreeMariaButina. 

Рускиот медиум "RT" напишал безброј статии за неа, оцрнувајќи го неговото судење и притворање, пишува "Politico".

"Русија пратила повеќе дипломатски ноти во име на обвинетите во текот на минатиот месец, отколку за било кој друг граѓанин на Русија кој бил затворен во САД во текот на целата година. Да поедноставиме, руската влада на овој случај му дала многу повеќе внимание отколку на било кој друг", наведуваат од обвинителството.

Изгледа дека руските службеници ја посетуваат Бутина во затвор и тоа е многу повеќе од заштита на човековите права на руските граѓани. Тие настојуваат да ја заштитат тајната операција која е во тек. Се претпоставува дека имаат неколку цели на ум.

Да ја проценат штетата

Руските службеници најверојатно ја проценуваат штетата од откривањето на Бутина и нејзиното апсење. Сакаат да дознаат што точно дознале разузнавачките служби во САД за движењето и контактите на Бутина и што таа самата им кажала. На тој начин би процениле дали е операцијата компромитирана.

Тие можат да соберат некои од овие информации од судските документи. На пример, обвинителите детално собрале нешто од коресподенцијата на Бутина. Во една од нив, таа расправа за воспоставување на "уште подоверлив однос" со лице од САД, што е јазик директно од некој прирачник за разузнавачи.

Бутина и нејзиниот американски љубовник и можен коресподент, републиканскиот оперативец Пол Ериксон - на кого во документите се упатува само како на "САД лице 1" - и Александар Торшин - високо поставен руски службеник на кој се упатува како на "Руски службеник" - оставиле доста податоци од судењето, мејлови и директни пораки на Твитер. Инспекторите во САД сега имаат информации кои вклучуваат телефонски броеви поврзани со ФСБ - Федералната служба за безбедност, како и имиња и контакти на руските службеници со кои Бутина комуницирала.

Сакаат да ја убедат да молчи

Руските службеници најверојатно сакаат и да ја убедат Бутина да молчи. Да ја уверат дека прават се што е во нивна моќ да ја извлечат и да ја вратат во Русија, настојувајќи да ја спречат во ширењето на дополнителни информации.

Обвинителството наведува, пред се, дека Бутина понудила информации за илегалните активности на Ериксон, и покрај инсистирањето на бранителот дека Бутина и Ериксон се во однос. Руските службеници сакаат да се уверат дека таа нема да даде информации кои би ја компромитирале руската разузнавачка служба. Можеби дури и ја обучиле што да каже.

Да пратат порака до другите

Најверојатно од се, вниманието насочено на Бутина би требало да ги увери останатите руски агенти. Тоа е "бакнеж на смртта" за секоја служба да го стави агентот да пропадне. Таа порака пратена до сегашните и потенцијални агенти би била фатална. Зошто некој би ризикувал да работи во служба која не сака да го штити? Русија мора да прати сигнал дека и помага на Бутина, за да не ги изгуби другите извори, пишува "Poliico".

Чудно е што руската влада дозволила Бутина воопшто да биде уапсена. Доказите за нејзиното делува датираат уште од раните месеци во 2017. година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг